Тренерот на Милан, Стефано Пиоли вели дека следната сезона ќе мора да биде започната со ист менталитет како што беше завршена тековната сезона, но дека шесто место веќе нема да биде прифатливо за тимот.
„Росонерите“ имаа најдобар скор по рестартот на Серија А со 9 победи и 3 ремија, со што Пиоли си ја обезбеди работата и следната сезона, а Милан следната година ќе игра во Лига Европа. Сепак, амбициите на „росонерите“ мораат да бидат поголеми.
„Сега мора да ја почнеме новата сезона со ист менталитет, иста доверба дека имаме развиен тим. Од јануари сме многу подобар тим. Не само со доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ, туку со Симон Кјер, нивото се крена и работиме добро заедно. Но, сигурно следната сезона нема да бидеме среќни со шесто место. Сега ни се потребни 22 избрани фудбалери за првиот тим и мора да имаме алтернатива на клупата“, вели Пиоли.