Фудбалерите на Милан ставија крај на лошата серија, во која на четири натпревари не успеаја да постигнат гол, откако во последниот меч од 19.коло, во Серија А, славеа во дуелот со СПАЛ 2:1.
Играчите на Џенаро Гатузо беа во минус од еден гол, но направија пресврт, ги освоија бодовите со кои ја задржаа петтата позиција на табелата со 30 бода.
„Сан Сиро“ го шокираше Петања во 13.минута кога му донесе водство на СПАЛ. Само три минути подоцна израмни Шпанецот Саму Катиљехо.
Конечниот резултат го постави Гонзало Игуаин, во 64.минута.
Милан дуелот го заврши со играч помалку бидејќи Сусо во 88.минута мораше надвор поради вториот жолт картон.
Gonzalo Higuain⚽ #włoskarobota #MilanSpal [@SempreMilanCom] pic.twitter.com/YqXkKao2PT
— ACMilan.com.pl (@acmilan_com_pl) December 29, 2018