Гонзало Игуаин и официјално е нов фудбалер на МЛС клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами, комплетирајќи го трансферот од Јувентус. Напаѓачот беше потврден како играч на Интер Мајами и признава дека се надева дека ќе го крене најновиот американски клуб.
„Прво сакам да се заблагодарам на Интер Мајами што направија напор да ме донесат и сигурен сум дека ме очекува прекрасно искуство. Барав нов предизвик, во нова лига и во еден прекрасен град. Среќен сум што конечно го направивме тоа официјално“, вели Игуаин, кој со ова ја завршува својата европска фудбалска кариера во која играше во Реал Мадрид, Наполи, Челси, Милан и секако, Јувентус.
Without further ado…
Welcome to Inter Miami, Gonzalo Higuaín! pic.twitter.com/tZ8uPkbqeq
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) September 18, 2020
File this under: extremely ready for more of these. pic.twitter.com/fjtsLC7Fcs
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) September 18, 2020