Top Sport

Пипо Инзаги по „петардата“ од Интер: Подраго ми е вака да загубам!

Интер синоќа нагости славеше убедливо против новиот прволигаш Беневенто, со 5-2 во второто коло од Серија А.

Сепак, ваквиот расплет не му падна претешко на тренерот на клубот, поранешниот голегетер, Филипо Пипо Инзаги.

„Кога ќе создадеш толку многу шанси и ќе му дадеш 2 гола на Интер, една од најдобрите екипи во Европа, тоа е знак на сила. Знаевме дека постои ризик да примиме голови, разочаран сум само од тоа што некои од нив можеа да се избегнат. Тоа што примивме гол по само 28 секунди не ни помогна многу за самодовербата“ вели Инзаги.

Тренерот на Беневенто знае колку е Интер моќен тим, но вели дека верува оти неговиот тим има светла иднина во продолжението на сезоната.

„Подраго ми е вака да загубам кога покажуваме дека можеме да напаѓаме и да создаваме чисти шанси. Фактот дека Интер не почитува ќе ни помогне во продолжението од сезоната“ смета тој.

Беневенто минатата сезона ја освои Серија Б и вторпат во историјата на клубот стана прволигаш. Првиот пат тоа беше во 2017 година.

Scroll to Top