Top Sport

Ноле не се шегува, за 82 минути го „смачка“ Беранкис на РГ

Нова одлична партија на српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос. Предмалку, за само 82 минути игра го „преслуша“ Литванецот Беранкис со 6-1 -6-2 и 6-2. Со тоа првиот на АТП листата се пласираше во третото коло каде ќе ги одмери силите со Колумбиецот Галан Риверос.

Новак до својата 70-та победа во Париз стигна со концентрирана игра од самиот старт, со одлични сервиси, како и двојно повеќе винери за разлика од противникот кој е 60. играч во светот.

Беранкис се мачеше со својот сервис, а Ѓоковиќ тоа знаеше да го искористи и да дојде до нов триумф на Отвореното првенство на Франција.

Scroll to Top