Top Sport

Пипо ќе остане во Серија Б со Бреша?

Филипо Пипо Инзаги ќе ја продолжи својата тренерска кариера во Серија Б, откако повеќе италијански медиуми објавија дека се согласил да стане нов тренер на Бреша.

Поранешниот тренер на Милан и Болоња, во 2020 успеа да избори пласман со Беневенто во Серија А, но оваа сезона тие експресно се вратија во второлигашкото друштво по несфатливиот колапс во вториот дел од сезоната.

Масимо Челино му нуди двегодишен договор на Пипо, кој ќе се нафати на својата можеби најтешка работа, поради познатата експлозивност на Челино и честото менување на тренерите. Во Беневенто, Пипо веќе е заменет со сегашниот тренер на Перуџа, Фабрицио Кастори.

Scroll to Top