Top Sport

Жиру очекува трансфер во Милан и покрај продолжувањето на договорот

Оливие Жиру најави дека најверојатно ќе замине од Челси во Милан и покрај тоа што премиерлигашот во петокот потврди дека ја искористиле клаузулата во неговиот договор и му го продолжиле на 12 месеци.

Сепак, уште тогаш се сметаше дека Челси вака сакаат да обезбедат Жиру да не замине без обештетување од „Стемфорд бриџ“.

„Сакам да биде јасно дека Челси ја активираа клаузулата уште во април, а неодамна ја објавија поради правилата во Премиер лигата. Секогаш сум ги сакал легендите Марко ван Бастен и Андриј Шевченко, а Милан се еден од големите европски клубови. Денеска, нема да зборувам за тоа бидејќи сум фокусиран на Франција и на ЕУРО 2020“, вели Жиру.

Scroll to Top