Top Sport

Пипо сака да го сруши рекордот на Дешам во Серија Б

Тренерот на Беневенто, легендарниот поранешен фудбалер на Милан, Филипо Инзаги вели дека сака да го сруши рекордот на Дидие Дешам во Серија Б, откако, конечно, ги покажа своите квалитети како тренер во италијанската втора лига.

Беневенто имаат 20 поени предност пред Кротоне пред рестартот на лигата и немаат пораз од 4:0 поразот од Пескара на 26 октомври 2019 година.

„Ни требаат осум поени, а имаме две тешки гостувања кај Кремона и Емполи и ќе видиме. Имаме седум последователни победи на гости, а рекордот е осум. Најмногу гостински победи во Серија Б имаа Торино во 2001 со 10, а ние имаме девет. Тука се тие рекорди, а најмногу го посакувам рекордот на поени кој го постави Дешам со Јувентус“, вели Инзаги во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Јувентус во 2006/07 имаа рекордни освоени 85 поени во Серија Б откако беа исфрлени од првата лига поради „Калчополи“ скандалот со местење на натпревари.

Инзаги признава дека веќе го планира враќањето на тимот во Серија А , но додава дека купувањето на нови играчи ќе биде проблематично за Стрегоне.

„Знаеме кого сакаме да донесеме и имаме силни темели, но нема да биде лесно. Малку сум суеверен и затоа не зборувам за тоа“, вели Инзаги.

Scroll to Top