Поранешната ѕвезда на Арсенал, Роберт Пирес вели дека одлично да се гледа работата на Микел Артета на „Емирати“, оценувајќи дека клубот ја вратил „својата ДНК“.
Французинот беше дел од славната генерација на Арсенал од 2000 до 2006, со која освои две титули од Премиерлигата, вклучувајќи ја неверојатната „непобедлива сезона“ и кои играа во финалето на Лигата на шампионите.
„Секако, уште ги следам Арсенал, ги гледам сите натпревари и во контакт сум со спортскиот директор Еду, со Микел и со уште поранешни играчи. Мислам дека Микел заврши одлична работа, Арсенал ја вратија својата ДНК со брз и напаѓачки фудбал. Тој бара многу од своите фудбалери и тие, конечно, му враќаат добро“, вели Пирес.