Top Sport

Бекер се „зеза“ со Англичаните – бара преведувач на германски

Иако првиот коментар на Вимблдон на течен англиски јазик го даде пред 20 години, Борис Бекер побара да има преведувач на германски на судењето околу неговиот банкрот и обвинувањата дека криел имот, кеш, акции и трофеите од Вимблдон за да избегне да плати на кредиторите.

53-годишниот Бекер, кој се пресели во Велика Британија во 2009, купувајќи стан од 7 милиони фунти во близината на Вимблдон, ќе треба да се појави пред Крунскиот суд во Саутворк овој месец за обвинение дека сокрил над 1.8 милиони фунти пред да прогласи банкрот. Тој исто така е обвинет дека префрлил стотици илјади фунти на други сметки, вклучувајќи на своите две поранешни жени, Барбара Бекер и Шерли Бекер.

Неговиот адвокат, Џонатан Ледлоу, потврди дека тој ќе користи преведувач на англиски кога ќе дава изјава, иако призна дека познавањето на англискиот му е „многу добро“.

„Очекувам дека ќе му треба помош за толкување на некои зборови. Нема да има постојан преведувач, но ќе има помош“, изјави Ледлоу.

Scroll to Top