Андреа Пирло демантира дека ќе биде новиот тренер на У-23 тимот на Јувентус, и на шега вели дека чека повик од Барселона да го преземе каталонскиот гигант.
Италијанскиот „маестро“ ја заврши кариерата по 22 години во 2017 година, играјќи за Интер, Милан и Јувентус, освојувајќи 6 титули во Серија А и две титули од Лигата на шампионите, пред да заврши во Њујорк сити во МЛС лигата. Тој исто така беше дел од италијанската репрезентација која во 2006 година ја освои светската титула, одигрувајќи 116 пати за „аѕурите“.
Тој на почетокот на годината најави дека во текот на летото ќе се обиде да се префрли во тренерската професија, инсистирајќи дека има идеи за уникатна фудбалска филозофија. Сега, во разговор на Инстаграм со својот поранешен соиграч Фабио Канаваро, тој демантира дека прифатил понуда од Јувентус.
„Не, уште не сум. Видете, имам многу барања и имам подготвено тим околу мене за да ме повикаат. Барселона чека на мене! Не сакам да згрешам со првиот избор и затоа одам полека“, вели Пирло.