Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло го имаше првото соочување со новинарите, велејќи дека е подготвен да го врати ентузијазмот во Торино, објаснувајќи дека сака да го заддржи Пауло Дибала и додава дека во Игор Тудор има „совршен помошник“.
Пирло го замени Маурицио Сари откако Јуве беа елиминирани во осминафиналето на ЛШ од Лион, само неколку дена откако беше промовиран како тренер на У-23 тимот и нема искуство да биде главен тренер на ниту еден тим. Тој признава дека бил „на вистинско место во вистинско време“.
„Сакам да го вратам ентузијазмот, да промовирам проактивен фудбал со големите мајстори на играта. Им кажав на момците две работи – секогаш мора да ја држите топката и кога ќе ја загубите, морате веднаш да ја вратите. Сигурен сум дека сум на вистинско место во вистинско време. Мораме да разговараме со фудбалерите, да ги натераме да учествуваат на тренинзите и да сфатат што сакаме. Јувентус секогаш има една цел – да се победи. Веднаш се чувствував добро, бидејќи се сретнав со многу луѓе со кои работев“, вели Пирло.
Јувентус го сменија Миралем Пјаниќ за Артуро Мело од Барселона, и Пирло не сакаше да коментира кој ќе добие „шут-карта“ од тимот, но тврди дека нема да се продава Пауло Дибала.
„Квалитетните фудбалери можат да работат заедно во секој тим, но најважно е да се подготвени да се жртвуваат и да рботат за другите. Артур е квалитетен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции. Дибала исто така, тој ќе биде дел од проектот“, изјавува Пирло.
Тој изненади со изборот на помошник во Игор Тудор, досегашниот главен тренер на Хајдук.
„Тудор беше мој избор. Потребен ми е помошник со искуство кој бил поранешен фудбалер и поранешен дефанзивец, но пред сè човек со одреден карактер. Тој исто така е поранешен фудбалер на Јуве, така што е совршен избор“, објаснува Пирло.