Јувентус му врачи отказ на Андреа Пирло и на неговото место во клубот го врати Масимилијано Алегри.
Отказот за Пирло не претставува изненадување, но изборот на Алгери е (не)очекуван. Јувентус, пред две години му врачија отказ на Алегри, откако не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Под Алегри, Јувентус играа два пати во финалето и доживеаја порази од Барселона и Реал Мадрид.
Алгери како тренер на „старата дама“, освои пет титули во Серија А и четири во Купот на Италија.
Во наредните часови, Јувентус ќе објави дека Пирло повеќе не е тренер и ќе го промовира Алегри во негов наследник. Претпладнево Алегри ги договорил условите со претседателот на клубот, Андреа Ањели.
Прва цел на Алегри ќе биде да му го врати на клубот приматот во Италија. Сезонава титулата ја освои Антонио Конте со Интер.