Новиот тренер на У-23 тимот на Јувентус, Андреа Пирло открива дека имал понуди од клубови од Премиер лигата и од Серија А, но дека сметал дека Јувентус е најдобро место за да се стартува тренерската кариера, бидејќи може да учи од Маурицио Сари.
Со оваа работа, Пирло ќе го предводи Б-тимот на Јувентус, кој игра во италијанската трета лига (Серија Ц), откако „бјанконерите“ се единствен голем тим кој се реши да формира ваков тим.
„Горд сум што ја почнувам тренерската кариера со Јувентус и се надевам дека ќе вратам дел од емоциите кои ги имав како фудбалер. Пристигнав во Јувентус по 10 години во Милан и ми посакаа добредојде како семејство. Се согласував фантастично со фудбалерите и кога заминав од Торино останав во контакт со сите. Во Милан не е така, бидејќи таму нема никој останато од времето во кое бев таму. Имав понуди од клубови во Серија А и Премиер лигата, но знаев дека Јуве е најдобриот клуб за мене“, вели Пирло, кој играше во Торино од 2011 до 2015 година.
Ci siamo! pic.twitter.com/YnsgQW2TnU
— JuventusFC (#Stron9er ?????????) (@juventusfc) July 31, 2020