Top Sport

Поранешниот заменик на Пеп ќе го смени Жорге Жесус во Фламенго

Фламенго го ангажираа поранешниот тренер на Њујорк сити, Доменек Торент како замена за Жорге Жесус, кој се врати во Бенфика овој месец, потврди клубот од Рио де Жанеиро.

58-годишниот Торент потпиша договор до крајот на 2021 година, но финансиските услови останаа тајна.

„Среќен сум што сум дел од оваа голема фудбалска нација. Подготвен сум да се борам за титули и ќе се видиме наскоро“, изјави Торент.

Торент помина 10 години како асистент на Пеп Гвардиола во Барселона, Баерн Минхен и Манчестер сити, пред да стане тренер на Њујорк сити од јуни 2018 година. Пред да се приклучи на Пеп во Барса во 2007 година беше тренер на три клубови од Шпанија.

Пред него е голем предизвик да се повтори успехот на Жесус, кој имаше фантастична сезона со бразилска титула, Копа Либертадорес и шампионатот на провинцијата Рио де Жанеиро.

Scroll to Top