Top Sport

Пирло ќе ја преземе Пиза?

Италијанскиот второлигаш Пиза ќе го ангажира Андреа Пирло за нов тренер. Откако Пиза ја заврши сезоната на 11. место, ги отпушти тренерот Лука Д’Анџело и спортскиот директор Клаудио Киелини, брат близнак на легендарниот Џорџо. На негово место ќе дојде Александар Коларов.

Минатата година тој ја заврши одличната играчка кариера во која беше клучен играч на Лацио, Манчестер Сити и Рома, како и капитен на Србија.

Италијанските медиуми пишуваат дека новиот спортски директор на Пиза за нов тренер го ангажирал Пирло, легендата на италијанскиот фудбал, кој беше тренер на Јувентус и на турскиот Караѓумрук, од каде си замина пред крајот на сезоната.

 

Scroll to Top