Андреа Пирло имаше свое видување за „Дерби дела мадонина“ кое што овој викенд ќе биде главниот меч во Италија и покрај тоа што Интер е во борба за првото место, а Милан далеку од посакуваното место.
Во интервју за „Ла газета дело спорт“, Пирло зборуваше најмногу за „росонерите“, каде што помина 10 години и одигра 401 мечеви.
„Ова е многу поинаков клуб од стариот Милан. Паоло Малдини и Звонимир Бобан го прават тоа што го можат, ги носат фудбалерите кои се достапни, бидејќи сега нема иста финансиска моќ како претходно. Нивниот проблем не е тоа што одат од теренот во канцеларијата, туку од Милан кој го знаеја, до клубот кој Милан е денеска. Сепак, мислам дека се солидни во овој деликатен момент и дека се вистински луѓе за споро опоравување на тимот. Истото може да се каже и за тренерот Стефано Пиоли, кој малку им даде идентитет. Секогаш ми се допаѓал тој. Најдобар пример за Милан е мојот Јувентус, кој прави неколку промислени трансфери секоја година“, вели Пирло.
Тој признава дека во неделното дерби двата клуба влегуваат со огромна разлика во квалитетот.
„Кога ќе го видите средниот ред, Исмаел Бенасер е талентиран и еден од најдобрите во Италија, но Марцело Брозовиќ е посилен, бидејќи играше во финале на СП со Хрватска. Тоа ја покажува разликата меѓу двата клуба. Тео Ернандез е подобар од сите очекувања и може да биде уште подобар, а Хакан Чалханоглу е талентиран, но нема дефинирана улога во тимот и не е јасно каде игра. Им недостасуваат клучни играчи во целиот тим и се сомневам дека ќе се квалификуваат за Лигата на шампионите оваа сезона бидејќи Аталанта се многу поцврст тим“, вели Пирло.