Top Sport

Пирло: Поразот од Барса не натера да сфатиме што ни е потребно

Поразот на Јувентус од Барселона во Лигата на шампионите помогнал да се сфати каде тимот мора да биде подобар, вели тренерот на „бјанконерите“, Андреа Пирло, оценувајќи го како „позитивна работа“.

Јувентус гостува кај Ференцварош во Унгарија во среда, каде што ќе се обиде да се врати по 0:2 поразот од Каталонците.

„Барселона не натераа да сфатиме каде треба да се подобриме, како да ги играме тие мечеви со повеќе организација и посветеност. Знаевме дека играме против силен тим и можеби е добро што игравме толку рано со нив. Ќе бидеме подобри кога ќе одиме кај нив“, вели Пирло.

Ференцварош се тимот кој прими седум гола во два меча, најмногу во ЛШ, а во тимот ќе го имаат и Кристијано Роналдо, но Пирло не сака да го потцени унгарскиот клуб, кој во 2014 успеа двапати да ги победи во групната фаза во ЛШ.

„Добро ги простудиравме Ференцварош, се работи за квалитетен тим и во претходните два меча заслужуваа повеќе. Имаат добар план и мораме да бидеме подготвени“, додава тренерот.

Scroll to Top