Драстичната одлука да му се даде отказ на Маурицио Сари и да се донесе италијанската фудбалска легенда Андреа Пирло на клупата на Јувентус е само првиот чекор од големите промени кои го чекаат италијанскиот шампион, тврди спортскиот весник „Ла газета дело спорт“.
Пирло седнува на клупата на еден од најголемите светски клубови без тренерско искуство, и според весникот прво следува „чистка“ меѓу фудбалерите, односно целосно реновирање на играчкиот состав.
Јувентус наводно решил да ги стави на пазарот Гонзало Игуаин, Блез Матуиди, Сами Кедира, Даглас Коста, Арон Ремзи, Федерико Бернардески, Матија де Шиљо, Даниеле Ругани, Алекс Сандро и Данило.
Бидејќи има доста време до стартот на Серија А (на 19 септември), Јувентус има доволно време да ги направи потребните движења на фудбалскиот пазар.