Top Sport

Пирло против „росонерите“: Само Малдини го знам од стариот Милан

Андреа Пирло утре првпат како тренер ќе се судри со Милан, клубот каде што 10 години беше фудбалер, и признава дека дуелите на Јувентус и Милан секогаш биле фасцинантни.

„Милан се тим каде што играв многу и освоив многу. За мене, мечот е многу важен, иако клубот е толку сменет што остана само Паоло Малдини од луѓето кои ги познавам. Сепак, ќе биде прекрасно, бидејќи првпат играм како тренер против нив. Се работи за многу важен меч, но не и за одлучувачки. Да се оди на Милан-Јувентус секогаш било фасцинантно, било како тренер, било како играч“, вели Пирло.

Тој вели дека е нормално Јуве да се потпира на докажан шампион како Кристијано Роналдо.

„Мораме да бидеме внимателни, бидејќи се многу добри во брзите контранапади. Пристигнуваат до голот во две-три додавања и мораме да бидеме технички подготвени. Ќе се обидеме да го искористиме Роналдо, кој знае да е одлучувачки во големите натпревари и нормално е да се потпрете на него“, додава тренерот.

Scroll to Top