„Фенерџијата“ Салернитана официјално му врачи отказ на тренерот Стефано Колантуоно, по што најголем фаворит за клупата на клубот од југот на Италија е поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло, тврдат италијанските медиуми.
59-годишниот Колантуоно седна на клупата на Салернитана во средината на октомври по отказот на Фабрицио Кастори, но е успеа да ги подобри резултатите на клубот од Кампанија, откако во 15 меча во Серија А оствари две победи и три ремија и дури 10 порази.
42-годишниот Пирло е без работа откако доби отказ од Јувентус минатото лето, и ова би било добра шанса да се врати на тренерската позиција. Друга опција е враќањето на Кастори, кој уште е под договор со Салернитана (како што е вообичаено во Италија) и Давиде Никола, кој последен пат работеше во Торино.