Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло е незадоволен што неговиот тим не играл паметно против Беневенто, во меч во кој ја испушти победата – средбата заврши 1-1.
„Ја контролиравме играта во првото полувреме, имавме неколку шанси да го `убиеме` мечот и да решиме се. Не ги читавме некои моменти на вистинскиот начин“ рече тој.
Во тимот на Јуве недостасуваше Кристијано Роналдо.
„Имаше ситна повреда на средината на неделата. Сакаше да игра во ЛШ, па беше природно да го одмориме. Знам колку тој е важен, и Реал Мадрид зависеше од него, но ние мораме да играме добро и без него“ заклучи Пирло.
„Старата дама“ е петта на табелата во Серија А со 17 бода, 3 помалку од лидерот Милан кој има и меч помалку.