Андреа Пирло вели дека не е загрижен околу бројните шпекулации за неговата позиција во Јувентус, велејќи дека клубот е единствен кој ќе одлучи дали тој ќе остане или ќе замени.
Пирло ја доби првата тренерска работа во кариерата откако Јувентус го отпушти Маурицио Сари минатото лето, но по слабите настапи во Серија А може да стане првиот тренер на „бјанконерите“ кој не ја освоил титулата по Луиџи дел Нери во 2010/11.
Утре, Јуве игра во осминафиналето на Лигата на шампионите против Порто, со негатива од 1:2 од првиот меч и италијанските медиуми шпекулираат дека Пирло ќе добие отказ ако не успее да влезе во четврт-финалето
„Ако мислев дека мојата иднина зависи од мечот со Порто, немаше да бидам тука. Да, се работи за важен меч, но само еден меч. За мојата иднина ќе одлучи клубот според резултатите. Јас работам ден за ден и го знам мојот проект и проектот на клубот“, вели Пирло.
„Старата дама“ загуби во финалињата на ЛШ во 2015 и 2017 година, но оттогаш го немаат минато четврт-финалето, и покрај тоа што Кристијано Роналдо беше дел од составот последните две сезони.