Top Sport

Пирло: Со Роналдо, Јувентус ќе бидат посилни во ЛШ

Легендата на италијанскиот фудбал и на Јувентус, Андреа Пирло смета дека Кристијано Роналдо ќе биде „клучната разлика“ на „бјанконерите“ во ловот за титула од Лигата на шампионите.

Роналдо доаѓа во Јуве откако освои четири од последните пет титули од ЛШ со Реал Мадрид, и Пирло вели дека сега неговиот стар тим е поблиску до остварување на европскиот сон.

„Кристијано може да го донесе тоа дополнително потребно на Јувентус. Среќен сум што голем шампион доаѓа во Јуве. Со неговото купување не ја освојувате Лигата на шампиони автоматски, но доаѓате многу поблиску. Роналдо е фудбалер кој може да одлучи натпревари и тоа ќе помогне на Јуве во ЛШ. Ќе видиме нешто прекрасно оваа сезона“, вели Пирло за „Скај спортс Италија“.

Scroll to Top