Top Sport

Бонучи ќе се врати во Јуве, Игуаин на пат за Милан?

Леонардо Бонучи е пред сензационално враќање во Јувентус како дел од договорот со кој Гонзало Игуаин ќе заврши во Милан, тврдат „Газета дело спорт“ и „Спортиталија“.

Капитенот на „росонерите“, кој помина само една сезона во Милан, сака да замине од клубот, призна Џенарод Гатузо, а според италијанските медиуми тој би се вратил во Торино, каде што со Јуве освои шест скудета од 2010 година.

Според „Газета“, Милан се подготвени да му дозволат да замине ако тоа значи дека се зголемуваат нивните шанси да го донесат Игуаин, со што исто така би добиле и простор за засилувања поради високата плата која ја добива Бонучи.

Новиот генерален менаџер на Милан, Леонардо во понеделникот се сретнал со генералниот директор на Јуве, Бепе Марота за да почнат со преговорите за Бонучи, за кого беа заинтересирани и ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Главната пречка за останување на Бонучи на „Сан Сиро“ е хаотичната ситуација во клубот, кој беше преземен од „Елиот менаџмент“ откако претходниот сопственик Јонгхонг Ли не ги врати парите кои ги должеше. Клубот исто така првично беше суспендиран од Лигата Европа, пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) да им дозволи да се вратат.

Scroll to Top