Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло смета дека „транзициониот период“ е завршен за него и неговите играчи и дека почнувајќи од мечот со Каљари мора да се смета на Јуве на највисоко ниво.
„Старата дама“ го смени Маурицио Сари со Пирло во текот на летото, и тренерот ја почна кариерата без пораз во Серија А, но со многу нерешени мечеви, и тој вели дека играчите веќе морале да се адаптираат на неговиот стил на игра и дека „шампионатот почнува сега“.
„Со Каљари ќе имаме голем предизвик, бидејќи се враќаме од период на неактивност поради интернационалната пауза. Сега, мора навистина да почне шампионатот, периодот на адаптација е завршн и до Божиќ имаме 10 натпревари кои мораме да ги играме како да се финалиња. Сакам од утре да видам поинаков борбен дух во тимот, играње за резултати. Каљари не се наивен тим, Еузебио ди Франческо донесе развој и ентузијазам и затоа сакам да видам тим кој ќе сака да оствари резултат на било кој начин, да се покаже глад за поени, како секогаш во Јуве“, вели Пирло.