Андреа Пирло знае дека мора да се продолжи победничката серија на Јувентус и во новата сезона барем да се обезбеди 10-тото последователно скудето за „бјанконерите“.
Денеска, Пирло го имаше првиот меч со Јувентус, 5:0 победата во пријателскиот меч против третолигашот Новара на една недела пред стартот на Серија А против Сампдорија.
„Задоволен сум бидејќи имавме само два дена на заеднички тренинзи. Момците се посветени и тоа беше најважно. Бидејќи сум тренер на Јувентус, нормално е да се очекува од мене да победувам. Знам дека се потребни победи и титули, исто како кога бев фудбалер“, вели Пирло.