Top Sport

Пиротехнички спектакл за добредојде на фудбалерите на Црвена звезда (Видео)

Навивачите на Црвена звезда на спектакуларен начин ги пречекаа фудбалерите, кои синоќа се вратија во Белград по двенеделниот престој во Анталија.

Навивачката група на Црвена звезда која се нарекува „Делии“, на влезот во Белград на своите миленици за добредојде им приреди пиротехнички спектакл, како најава за поддршката што ќе ја добијат во вторник кога против ЦСКА на стадинот „Рајко Митиќ“ ќе го одиграат првиот меч во рамките на шеснаесетина-финалето во Лига Европа.

Црвена звезда пред полсни трибини ќе го пречека московскиот тим откако УЕФА ја прифати жалбата и ја укина првостепената одлука дуелот да с еигра пред празни трибини.

Scroll to Top