Top Sport

На списокот за Словачка се најдоа Мекејлеб и Симоновски, го нема Антиќ

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Јорданчо Давитков, го објави поширокиот список на играчи повикани за вториот прозорец во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2021.

Во рамки на овој прозорец Македонија ќе одигра само еден натпревар, на домашен терен, против селекцијата на Словачка која избраниците на Давитков ја совладаа на гостински терен со 66-74.

На пиширокит список на Давитков има 23 имиња, во националниот тим повоторно е повикан Марко Симоновски, а по долго време го нема името на Перо Антиќ, кој по ЕП во 2015 година нјави дека нема да игра повеќе за репрезентацијата.

Давитков повика тројца од Американците кои имаат македонски пасош, но иако Мекејлеб конечно има клуб, а Тиодор игра одлична сезона во евролигашот Милано, за очекување е дека во тимот ќе биде Хендрикс.

Натпреварот ќе се одигра в недела (25. февруари) со почеток во 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Поширокиот список за дуелот со Словачка:

Војдан Стојановски (Демир Инсаат Бујукчекмеџе), Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром), Александар Костоски (БЦМУ Питешти), Дарко Соколов (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (Куманово), Бобан Стајиќ (Куманово), Андреј Магдевски (Гостивар), Ненад Димитријевиќ (Хувентуд), Димитар Караџовски (Куманово), Стојан Ѓуроски (Блокотехна), Диме Тасовски (Гостивар), Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром), Марко Симоновски (МЗТ Скопје Аеродром), Кирил Николовски (Работнички), Ѓорѓи Чековски (Работнички), Љубомир Младеновски (Илирија Љубљана), Бојан Крстевски (Работнички), Александар Штерјов (Куманово), Марјан Јанески (Куманово), Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром), Ричард Хендрикс (Галатасарај), Лестер Бо Мекејлеб (Сарагоса), Џордан Тиодор (Армани Милано)

Scroll to Top