Top Sport

Пизаро со импресивни бројки го остави Вердер во Бундеслига и рече: Доста е!

Легендата на Вердер Бремен и на Баерн Минхен, перуанскиот фудбалер, Клаудио Пизаро (41) ги „закачи копачките на клин“.

Германските медиуми ги сумираа бројките што ја одбележаа неговата фудбалска кариера и тие се импресивни.

Негов последен меч беше реваншот од баражот за опстанок во Бундеслигата на кој Вердер одигра 2-2 кај Хајденхајм и остана прволигаш.

Пизаро мечот го проследи од клупата и потоа оди во фудбалска пензија.

Вкупниот број бундеслигашки голови кои ги постигна е 197, на 490 мечеви. На тие ќе се додадат уште 38 во Купот на Германија. Постигна 109 гола за Вердер, 87 за Баерн и само еден за Келн.

Најдраг противник на Пизаро во бундеслигашката кариера е Хамбургер. На 35 меча против нив, постигнал 21 гол. Во кариерата во Бундеслигата помина 21 сезона.

Првпат мрежата во најквалитетната германска лига ја затресе на 12 септември 1999 година, а неговиот последен погодок во Бундеслигата е на 18 мај 2019 година против Лајпциг во последното коло од минатогодишната сезона.

Тој гол го прави најстар стрелец на погодок во германската прва лига, тогаш имаше 40 години и 227 дена.

Пизаро шестпати ја освојуваше Бундеслигата со Баерн Минхен, а со Баварците стигна и до 5 пехари во Купот на Германија. Со минхенскиот клуб ја освои и Лигата на шампиони во 2013 години.

Пехар во Купот освои и со Вердер, во 2009 година.

Scroll to Top