Top Sport

Пизаро во 96 минута го замолкна Берлин (Видео)

Херта и Вердер одиграа 1:1 во последниот меч од саботната програма во Бундес лигата. Натпреварот го обележа легендарниот Перуанец Клаудио Пизаро.

Вертер, во Берлин, стигна до бод со голот на Пизаро постигнат од слободен удар во 96 минута и влезе во историјата на Бундес лигата. Перуанецот со 40 години и 136 дена е највозрасниот играч што постигнал гол во Бундес лигата.

Претходно, играчите на Херта го отворија резултатот во 25 минута со голот на Дејви Зелке.

По ова коло Херта се наоѓа на деветтото место на табелата со 32 бода, а Волфсбург има бод помалку на десеттото место.

Scroll to Top