Top Sport

Пјаца: Џенова може да има одлична сезона

Марко Пјаца верува дека неговиот нов клуб Џенова може да има „прекрасна и одлична“ сезона под новиот тренер Роландо Маран, откако започнаа со 4:1 победа над Кротоне, меч во кој и Горан Пандев постигна фантастичен гол.

Хрватот дојде кај Грифоне на позајмица од Јувентус и постигна гол во својот прв официјален меч за тимот кој лани успеа да се спаси од испаѓање во последното коло од сезоната.

„Првите неколку дена беа навистина прекрасни. Во тимот има група на многу добри момчиња и дел од нив ги познавам долго време. Се чувствувам како дома. Маран ми остави одличен впечаток и се надевам на добра сезона со истиот дух како на почетокот“, вели Пјаца.

Scroll to Top