Top Sport

Направена ждрепката за Ролан Гарос – Мареј веднаш на Вавринка, Тим стартува против Чилиќ!

Енди Мареј ќе се сретне со уште еден тенисер со три гренд слем титули зад него, Стен Вавринка во првото коло на Ролан Гарос откако беше одредена ждрепката на францускиот гренд слем. Британците немаа многу среќа во ждрепката – нивната најдоброрангирана тенисерка, Џоана Конта во првото коло ќе игра со американската тинејџерка Коко Гоф.

33-годишниот Мареј се враќа на Франција опен првпат откако имаше две операции на колкот, а интересно негов последен меч на терените во Париз беше токму против Вавринка, кога загуби во полуфиналето во пет сета.

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ во првото коло ќе се судри со Швеѓанецот Елијас Имер, а најинтересниот дуел во првото коло несомнено ќе биде тој на актуелнио шампион од САД опен, Доминик Тим против поранешниот шампион од Њујорк, Марин Чилиќ. Рафаел Надал е во половината на ждрепката каде што е и Тим, и почнува против Русинот Егор Герасимов.

Серена Вилијамс го започнува турнирот против сонародничката Кристи Ен, додека светската тенисерка број 2, Симона Халеп игра против Шпанката Сара Сорибес Тормо.

Турнирот пред ждрепката потврди дека се повлекле Канаѓанецот Милош Раонич и Швајцарката Белинда Бенчич.

Scroll to Top