По двата порази едноподруго на стартот на сезоната, Торино, конечно сврза и две победи, откако Марко Пјаца му донесе победа на својот сонародник, тренерот Иван Јуриќ со гол во финишот на гостувањето кај Сасуоло.
Домаќините дадоа гол во 39. минута преку Филип Ѓуричиќ, но ВАР системот го поништи голот, за потоа во 83. минута поранешниот голем хрватски талент, Пјаца да го реши победникот.