Миралем Пјаниќ во неделата дебитираше за Барселона и стана 14 фудбалер кој во текот на кариерата игра во ист тим со Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Истата вечер Артур го запиша дебито за Јувентус па и тој се запиша на оваа листа.
Пред Артур и Пјаниќ со според многумина двајцата најдобри во историјата на фудбалот играле Габриел Хајнце, Езекиел Гарај, Џерард Пике, Нелсон Семедо, Фернандо Гаго, Андре Гомеш, Карлос Тевез, Хенрик Ларсон, Гонзало Игуаин, Анхел Ди Марија и Паоло Дибала.
Интересно покрај Артур и Пјаниќ во исти клубови со споменатите двајца играле уште само Пике и Ларсом, сите останати со едниот играле во ист клуб, а со другиот (Меси) во репрезентацијата на Аргентина.