Top Sport

Пјаниќ исклучен поради дивјачки старт

Еден од најдобрите фудбалери на Босна и Херцеговина на сите времиња, Миралем Пјаниќ беше исклучен, поради дивјачки старт, на мелот Диба-Шарјаж во првенството на Обединетите Арапски Емирати.

Натпреварот не започна добро за Шарјаж, во 17. минута при еден дуел во централниот дел од теренот Пјаниќ доби црвен. Тој влезе во дуел со фудбалерот на домашната екипа Мансур Ал Балоши, по што падна, а потоа со двете нозе дивјачки го удри противникот во градите.

ВАР веднаш интервенираше, а Пјаниќ доби црвен каротн.

Scroll to Top