Top Sport

Пјаниќ ќе ја носи осумката на Иниеста

Миралем Пјаниќ попладнево беше претставен во Барселона, во новиот клуб ќе ја носи осумката на грбот. Тоа е бројот кој во златната ера на Барселона го носеше Андрес Иниеста.

Пјаниќ во Барселона дојде од Јувентус за сума од 60.000.000 евра. Со овој трансфер тој стана најскапиот фудбалер од Босна и Херцеговина на сите времиња. Со великанот од „Ноу Камп“ Пјаниќ отпиша четири годишен договор.

Промоцијата на Пјаниќ се оддолжи бидејќи тој беше заразен со коронавирусот.

„Ова е важен период во мојата кариера. Додека поминував низ соблекувалната и низ тунелот ја почувствував историјата на клубот. Чест ми е што ќе ја делам соблекувалната со толку големи шампиони“, рекол Пјаниќ во своето обраќање кон новинарите.

Клубот новиот играч го претстави со видео на диригент. Барселона очекуваат дека Пјаниќ ќе диригира со редот за врска.

 

Scroll to Top