Миралем Пјаниќ (30) им порачал на челниците на Јувентус дека во летниот преоден рок ќе прифати само трансфер во Барселона, во спротивно нема намера да го напушта клубот.
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина подолг период се поврзува со Барселона, а според медиумите неговиот трансфер зависи од Артур Мело. Клубовите имаат план да разменат фудбалери, Пјаниќ се согласил, а размената ја кочи Артур кој не сака да се сели од Барселона.
Сепак се уште постои надеж кај клубовите дека Артур ќе ја смени одлуката. Поради тоа Пјаниќ им порачал на луѓето во Јувентус дека ќе прифати само трансфер во Барселона.
„Тутоспорт“ тврди дека Пјаниќ одбил исклучително добра финансиска понуда од ПСЖ, додека воопшто не сакал да ја слушне понудата од Челси.