Top Sport

Пјаниќ: Куман не ме почитуваше

Миралем Пјаниќ кариерата ја продолжува во Бешикташ. Репрезентативецот на БиХ, како позајмен играч од Барселона се пресели во редовите на турскиот шампион. Пјаниќ, пристигна во Барселона како големо засилување, меѓутоа тренерот Роналд Куман не му даде шанса да ги покаже квалитетите.

Откако го реализираше трансферот во Бешикташ, Пјаниќ проговори за односот со холандскиот тренер.

„Куман не ме почитуваше. Никогаш не седна да разговара со мене. Јас сум играч кој може да прифати секаква одлука, но сакам претходно да ми биде објаснето зошто тоа е така. Немам 15 години. Прифатив помала плата за да се преселам во Бешикташ, бидејќи сакам да играм фудбал“, рекол Пјаниќ.

Пјаниќ, во 2020 година се пресели во Барселона.

Scroll to Top