Миралем Пјаниќ станува сериозен проблем за Барселона. Клубот, во летниот преоден рок, мора да направи длабок рез во буџетот за плати, за да може да го испочитува финансискиот ферплеј на Ла Лига. Поради тоа Барселона мора да продаде неколку фудбалери, а еден од ние е и Пјаниќ.
Пред две недели, Барселона, му понуди на Пјаниќ без обесштетување да го напушти клубот, но тој одби. Постави услов да му бидат исплатени 25 милиони евра, колку што му следуваат до крајот на договор, а потоа да си замине.
Годишната плата на Пјаниќ изнесува 8,4 милиони евра, неговиот договор истекува за три години.
Неколку италијански клубови, изразиле желба да го позајмат, но немаат намера да издвојат да го плаќаат колку што го плаќа Барселона.
Каталонскиот „Спорт“, пишува дека Барселона му поставила ултиматум на Пјаниќ, дека тој треба да го напушти клубот, во спротивно против него ќе бидат преземени ригорозни мерки. Наредната недела Барселона ќе се обиде да го реши овој проблем, тврди „Спорт“.
Барселона, минатото лето, во една чудна размена, го донесе Пјаниќ од Јувентус. Во Торино замина Артур. Пјаниќ на „Ноу Камп“ пристигна за 60 милиони евра и пет милиони евра низ разни бонуси, додека Артур во Јувентус се пресели за 80 милиони евра.
Според многумина, Барселона и Јувентус, со оваа размена го измамиле финансискиот ферплеј на УЕФА.
Пјаниќ, минатата сезона, започна само шест натпревари во стартната постава на Барселона. Се надеваше дека неговиот статус ќе се смени ова лето, меѓутоа клубот реши тренерот Роналд Куман да остане. Ставот на Куман е јасен, Пјаниќ кај него нема да игра.