Миралем Пјаниќ е еден од ретките фудбалери кој во кариерата имал можност да ја дели соблекувалната со Крстијано Роналдо и Лионел Меси. Репрезентативецот на БиХ, две сезони беше соиграч со Кристијано Роналдо во Јувентус, а од оваа сезона соиграч во Барселона му е Лионел Меси.
За францускиот „Телефут“, тој ги споредил овие двајца фудбалери, кои се меѓу најдобрите во историјата.
„Кристијано е импресивен со контстантноста и професионализмот. Фокусиран е на своите цели: головите, победите и статистиката. Лео е талент, поезија. Тој е импресивен, магичен“, рекол Пјаниќ.