Top Sport

Пјаниќ во Барселона ќе игра за плата од 8.000.000 евра

Медиумите во Шпанија, особено оние од покраината Каталонија, пишуваат дека трансферот на Миралем Пјаниќ во Барселона е завршена работа.

Репрезентативецот на Бих со клубот од „Ноу Камп“ ќе потпише четири годишен договор. Годишно ќе заработува осум милиони евра.

Според медиумите останале уште некои детали што треба да ги договорат челниците на Барселона и Јувентус, а договорот треба да биде официјализиран до крајот на оваа недела.

Во замена за Пјаниќ Барселона во Јувентус ќе го испрати Бразилецот Артур Мело.

Покрај Пјаниќ, наводно Барселона веќе го договорила и трансферот на Лаутаро Мартинез од Интер. Дел одо овој трансфер ќе бидат играчите на Барселона Нелсон Семедо и Карлес Алења.

Scroll to Top