Top Sport

Нурмагомедов изненади со пораката за Фергусон

Замената за Хабиб Нурмагомедов, Џастин Гејџи, вчера го претепа Тони Фергусон во рамките на УФЦ 249 настанот.

Победата на Гејџи претставува големо изненадување, бидејќи Фергусон беше фаворит. На крајот тој заврши в болница со сериозни повреди на главата.

Сосема спротивно од праксата која ја имаат ММА боците, а тоа е и вербално да се пресметуваат со ривалите, Фергусон доби порака со поддршка од несудениот ривал Нурмагомедов.

„Се што се случи сега е минато. Главата горе, Тони. Се надевам дека ти и твоето семејство сте доби. Кога твојот син ќе порасне ќе се гордее со тебе“, напишал на „Твитер“ борецот од Дагестан.

Scroll to Top