Италијанските медиуми шпекулираат дека Миралем Пјаниќ, во летниот преоден рок, ќе го напушти Јувентус. Интерес за фудбалерот од Босна и Херцеговина покажуваат ПСЖ и Реал Мадрид.
Елиминацијата од Лигата на шампионите ќе предизвика големи промени во соблекувалната на Јувентус. Еден од оние што ќе заминае е и Пјаниќ, а дозвола за негов трансфер дал и тренерот Масимилијано Алегри.
Покрај Пјаниќ, „Газета дело Спорт“ пишува дека на трансфер листата ќе се најдат Паоло Дибала, Даглас Коста и Жоао Кансело.
Јувентус замената за Пјаниќ ја нашле во Барселона, во ликот на Иван Ракитиќ. Хрватот бил подготвен да си оди поради зголемената конкуренција, иако тренерот Ернесто Валверде не се согласува со таквата идеја.