Top Sport

Пјаст Гливице е полскиот Лестер – сензационален шампион

Кога ќе се спомене полскиот фудбал, прва асоцјација се Легија Варшава, Висла Краков и Чех Позњан. Оние што малку повеќе го следат европскиот фудбал знаат за Краковија или Погон, но за Пјаст Гливици ретко кој слушнал од вљубениците на фудбалот.

Токму тој мал полски клуб кој е 11-ти според вредноста во полската прва лига сензационално оваа сезона стана првак во земјата. Споредбата со Лестер Сити е затоа што англискиот премиерлигаш слично како полскиот клуб откако сезона претходно грчевито се бореше за опстанок, и се спаси, веќе наредната сезона се избори за насловот во првенството.

Играчите на тренерот Валдемар Формалик заостануваа дури 7 бода зад водечките Лех и Легија, но во последните неколку кола имаа импресивна серија од 6 победи и само 1 пораз, па на крај се радуваа на шампионската титула.

Сега летоска ги очекуваат квалификации за Лигата на шампионите.

Scroll to Top