Top Sport

Пјатек „плаче“ за трансфер во Милан

Милан има огромни шанси да ја добие полската напаѓачка сензација Кшиштоф Пјатек од Џенова, откако според италијанските медиуми тој имал огромна желба да го замени Гонзало Игуаин на „Сан Сиро“.

Според „Спорт Медиасет“, Полјакот веќе му кажал на својот агент дека негова посакувана дестинација се „росонерите“, но 23-годишниот напаѓач би сакал да му биде гарантирано стартно место и да биде „центар“ на изградбата на новиот состав.

Претходно се шпекулираше дека и Интер го следат развојот на Пјатек, како можна замена за Мауро Икарди, а меѓу клубовите кои се заинтересирани се и Јувентус и Реал Мадрид. Сепак, според „Медиасет“, главен проблем на Милан ќе биде како да се обезбедат пари за трансферот, откако УЕФА неодамна повторно им се закани на „росонерите“ дека мораат да внимаваат на својот буџет ако сакаат да останат во Европа, а Џенова го „цени“ Полјакот на околу 50 милиони евра.

Фото: ЕПА

Scroll to Top