Top Sport

Пјонтек го режираше пресвртот на Милан во Бергамо (Видео)

Фудбалерите на Милан забележаа значајна победа во 24 коло, во Серија. Предводени од брилијантниот Кшиштоф Пјонтек фудбалерите на Милан, во Бергамо, ја победија Аталанта 3:1.

Полјакот, кој во зимскиот преоден рок пристигна на „Сан Сиро“ од Џенова за 35 милиони евра, внесе нова димензија во играта на Милан.

Три гола постигнаа играчите на Милан во периодот од 45 до 61 минута, откако Аталанта преку Рем Фројлер во 33 минута стигна до предност.

foto: epa

Пјонтек на истекот на полувремето израмни на 1:1, потоа Хакан Чалханоглу во 55 погоди за 1:2, а Пјонтек со својот втор гол во 61 минута стави точка на натпреварот.

Извонредниот поlски напаѓач има постигнато 17 гола во Серија А, пред него на листата на најдобри стрелци е само Кристијано Роналдо со 19 гола.

Scroll to Top