Top Sport

Пјонтек погоди, Милан освои бод против Рома (Видео)

Без победник 1:1 заврши дербито кое во 22 коло, на „Олимпико“ го одиграа Рома и Милан. Тимовите ги задржаа своите позиции на табелата, Милан е на четвртото, а Рома на петтото место, со четири односно пет бода помалку од трето пласираниот Интер.

Натпреварот на „Олимпико“ започна во бавно темпо, двата тима повеќе внимаваа на својот гол. Милан успеа да профитира во 26 минута од грешката на Пелегрини, снаодливоста на асистентот Пакета и снаодливоста на стрелецот Пјонтек.

До крајот на полувремето Џеко не успеа да реализира ситуација „еден на еден“ против Донарума.

foto: epa

Второто полувреме започна добро за Рома бидејќи Заниоло успеа да израмни на 1:1. Донарума спречи автогол, меѓутоа Заниоло налета на одбиената топка и ја погоди целта.

Рома потоа покажа повеќе желба да стигне до победата. Донарума маестрално му го одбрани удаорт на Џеко во 71 минута, а десет минути подоцна Пелегрини го погоди дирекот.

Последната шанса на мечот ја имаа гостите, во 92 минута кога Олсен го одбрани ударот на Лаксалт.

Scroll to Top