Top Sport

Пјонтек се врати во Италија, доаѓа на позајмица во Фиорентина

Фиорентина потврди дека полскиот напаѓач Кшиштоф Пјонтек доаѓа на шестмесечна позајмица од Херта Берлин, враќајќи се во Серија А.

26-годишниот Пјонтек играше за Џенова и Милан пред да замине во Германија, и сега пристигнува со опција за постојан трансфер на крајот на сезоната за 15 милиони евра. Тој ќе го носи бројот 19 во Фиренца и ќе биде засилување во нападот на тренерот Винченцо Италијано. Пјонтек имаше еден гол и една асистенција во 9 меча во Бундеслигата оваа сезона.

„Пресреќен сум што сум повторно во Италија, каде што секогаш сум се чувствувал одлично. Им благодарам на Виола за довербата, сега треба да се докажам“, изјави Пјонтек.

Полјакот во сезоната 2018/19 во Серија А постигна 19 гола во 21 настап за Џенова, по што веднаш беше купен од Милан за 35 милиони евра, и за нив додаде уште 9 гола во вториот дел од сезоната. Но, во 2019/20, тој не успеа да ја повтори формата и се пресели во Херта за 24 милиони во јануарскиот преоден рок.

Scroll to Top