Новиот напаѓач на Херта Берлин, Кшиштоф Пјонтек не се возддржа и мораше да го коментира својот поранешен тим, Милан, велејќи дека им е навика да менуваат напаѓач секоја година.
Полјакот беше најавен како големо засилување за „росонерите“ по фантастичната половина сезона со Џенова, но оваа сезона формата беше во пад, а пристигнувањето на Златан Ибрахимовиќ значеше малку време на теренот за Пјонтек, кој беше продаден на бундеслигашот.
„Тоа се случува често во Милан. Тие менуваат напаѓачи секоја година, така што најверојатно веќе им е во навика“, вели Пјонтек за „Билд“.
Сепак, во неговите зборови има многу вистина, посебно за бројот 9 во Милан, со серија неуспешни трансфери по пензионирањето на Филипо Инзаги во 2012. Оттогаш тој дрес го носеле Гонзало Игуаин, Андре Силва, Џанлука Лападула, Луиз Адријано, Фернандо Торес, Матија Дестро, Алесандро Матри и Алесандре Пато.